Блиската година што следува, 2019, нуди голем број небесни феномени за љубителите на астрономските појави и небесните убавини, вклучувајќи неколку месечеви фази, голем број метеорски дождови и многу повеќе.
Погледнете подолу се што ќе се случува на небото од Јануари до Maj за 2019 година.
3, 4 Јануари – Квадрантидс Метеорски Дожд
Куадрантидот е над просечен метеорски дожд, со просек од 40 метеори на час. Овој метеорски дожд се смета дека е произведен од зрна прашина што ги оставила зад себе исчезнатата комета позната под името 2003 EH1, која беше откриена во 2003 година. Метеорскиот дожд се појавува секоја година од 1 до 5 Јануари. Оваа година тој ќе го достигне својот врв во ноќта на 3 и утрото на 4-ти. Месечината ќе биде тенка полумесечина и не би требало да пречи на потенцијалното добро шоу, оваа година. Најдобро ќе се гледа од темна локација по полноќ. Метеорите ќе се појават од соѕвездието Боос, но можат да се видат насекаде на небото.
6 Jануари – Нова Месечина
Месечината ќе се наоѓа на истата страна на Земјата како и Сонцето и нема да биде видлива на ноќното небо. Оваа фаза се јавува во 02:28 часот, после полноќ. Ова е најдобро време за да се набљудуваат слабо видливите објекти како што се галаксиите и ѕвездените кластери, бидејќи нема да пречи месечевата светлина.
6 Јануари – Венера на Најголемото Источно Издолжување
Планетата Венера достигнува најголемо источно издолжување на 47 степени од Сонцето. Ова е најдоброто време за да ја видите Венера бидејќи таа ќе биде на највисоката точка над хоризонтот на утринското небо. Погледни ја светлата планета во источното небо, пред изгрејсонце.
21 Јануари – Полна Месечина, Супермесечина
Месечината ќе биде лоцирана на спротивната страна на Земјата од Сонцето и нејзиното лице ќе биде целосно осветлено. Оваа фаза се јавува во 06:16 часот наутро. Оваа полна месечина била позната на раните Индијански племиња како “Полната месечина на волкот”, бидејќи ова време во годината, гладните волци излегувале надвор од нивните кампови. Оваа месечина, исто така, била позната како Стара Месечина и Месечината По Јуле. Ова е исто така и првата од трите супермесечини во 2019 година. Месечината ќе биде најблизок до Земјата и може да изгледа малку поголема и посветла од вообичаеното.
22 Јануари – Конјункција на Венера и Јупитер
Конјункцијата на Венера и Јупитер ќе биде видлива на 22 јануари. Двете светли планети ќе бидат видливи на 2.4 степени, едни со други, на раното утринско небо. Видете го овој импресивен поглед на исток пред изгрејсонце.
4 Февруари – Нова Месечина
Месечината повторно ќе се наоѓа на истата страна на Земјата како и Сонце и нема да биде видлива на ноќното небо. Оваа фаза се јавува во 22:03 часот.
19 Февруари – Полна Месечина, Супермесечина
Ова го одбројува второто од трите супермесечини за 2019 година. Месечината ќе биде лоцирана на спротивната страна на Земјата од Сонцето и нејзиното лице ќе биде целосно осветлено. Оваа фаза се јавува во 16:53 часот. Оваа полна месечина била позната на раните Индијански племиња како “Полната месечина на снегот”, бидејќи најтешките снегови обично паѓале во ова време од годината. Бидејќи во снегот ловот е потежок, оваа месечина, исто така е позната од страна на некои племиња како и “Месечината на гладот”.
27 Февруари – Меркур во Најголемото Источна Издолжување
Планетата Меркур достигнува најголемо источно издолжување со 18,1 степени од Сонцето. Ова е најдобро време за да ја видите планетата Меркур бидејќи ќе биде на највисоката точка над хоризонтот на вечерното небо. Погледнете ја планетата на источното небо, веднаш по зајдисонце.
6 Март – Нова месечина
Месечината веќе по трет пат ќе се наоѓа на истата страна на Земјата како и Сонцето и нема да биде видлива на ноќното небо. Оваа фаза се јавува во 17:04 часот.
20 Март – Мартска Рамноденица
Мартската рамноденицата ќе се случува во 22:58 чесот. Сонцето ќе блеска директно на екваторот и ќе има речиси еднакви количини на ден и ноќ низ целиот свет. Ова е, исто така, првиот ден на пролетта (вечна рамноденица) на северната хемисфера и првиот ден од есента (есенска рамноденица) во Јужната хемисфера.
21 Март – Полна Месечина, Супермесечина
Ова е третата и последна супермесечини за 2019 година. Месечината ќе биде лоцирана на спротивната страна на Земјата од Сонцето и нејзиното лице ќе биде целосно осветлено.Оваа фаза се јавува во 02:43 часот, после полноќ. Оваа полна месечина била позната на раните Индијански племиња како “Полната месечина на црвот”, бидејќи ова било времето од годината кога почвата ќе почнала да омекнува и со тоа се појавувале и дождовните црви.
05 Април – Нова месечина
Четвртиот пат кога Месечината ќе се наоѓа на истата страна на Земјата како и Сонцето и нема да биде видлива на ноќното небо. Оваа фаза се јавува во 09:51 часот, наутро.
11 Април – Меркур во Најголемото Западна Издолжување
Планетата Меркур се врти на западната страна и достигнува најголемо западно издолжување со 18,1 степени од Сонцето. Ова е најдобро време за да ја видите планетата Меркур бидејќи ќе биде на највисоката точка над хоризонтот на вечерното небо. Погледнете ја планетата на западното небо, веднаш по зајдисонце.
19 Април – Полна Месечина
Месечината ќе биде лоцирана на спротивната страна на Земјата од Сонцето и нејзиното лице ќе биде целосно осветлено.Оваа фаза се јавува во 12:12 часот, напладне. Оваа полна месечина била позната на раните Индијански племиња како “Розовата полна месечина”, бидејќи го означувала излегувањето на розовиот мов, кој бил еден од првите пролетни китки.
22, 23 Април – Лиридс Метеорски Дожд
Лиридсот е просечен метеорски дожд, со просек од 20 метеори на час. Овој метеорски дожд се произведува од зрна прашина што ги оставила кометата C / 1861 G1 Thatcher, која била откриена во 1861 година .Метеорскиот дожд се појавува секоја година од 22 до 25 Април. Оваа година тој ќе го достигне својот врв во ноќта на 22 и утрото на 23-ти. Овие метеори понекогаш можат да произведат светла патека која трае неколку секунди. Месечината ќе ги блокира повеќето од побледите метеори оваа година, но ако сте трпеливи, сепак би требало да видете неколку од посветлите метеори. Најдобро ќе се гледа од темна локација по полноќ. Метеорите ќе се појават од консталацијата Лира, но можат да се видат насекаде на небото.
4 Мај – Нова Менечина
Месечината ќе се наоѓа на истата страна на Земјата како и Сонцето и нема да биде видлива на ноќното небо. Оваа фаза се јавува во 22:46 часот, навечер.
6, 7 Мај – Ета Акваридс Метеорски Дожд
Ета Акваридсот е над просечен метеорски дожд, со просек од 60 метеори на час. Поголемиот дел од активноста се гледа на јужната хемисфера. Овој метеорски дожд се произведува од зрна прашина што ги оставила кометата Халеј, која е позната и забележана уште од античките времиња. Метеорскиот дожд се појавува секоја година од 19 до 28 Мај. Оваа година се појавува во ноќта на 6 и утрото на 7-ми Мај. Месечината ќе биде тенка полумесечина и не би требало да пречи на потенцијалното добро шоу, оваа година.Најдобро ќе се гледа од темна локација по полноќ. Метеорите ќе се појават од соѕвездието Водолија, но можат да се видат насекаде на небото.
18 Мај – Полна Месечина, Сина Месечина
Месечината ќе биде лоцирана на спротивната страна на Земјата од Сонцето и нејзиното лице ќе биде целосно осветлено. Оваа фаза се јавува во 22:11 чесот, навечер. Оваа полна месечина била позната на раните Индијански племиња како “Полната месечина на цветот”, бидејќи ова било времето во годината кога пролетно цвеќе се појавувало во изобилство. Бидејќи ова е третата од четирите полни месечини во оваа сезона, таа е позната како сина месечина. Овој редок календарски настан се случува еднаш во неколку години. Во секоја сезона вообичаено има само три полни месечини. Но, бидејќи полните месечини се појавуваат на секои 29,53 дена, понекогаш една сезона може да содржи четири полни месечини. Дополнителната полна месечина од сезоната е позната како “Сина месечина”. Сините месечини се случуваат во просек, еднаш на секои 2,7 години.