Во вториот дел од трилогијата Милениум Лизбет Саландер и Микаел Блумквист повторно се наоѓаат во центарот на една напната и возбудлива приказна. Сè започнува со убиството на младиот новинар на магазинот Милениум и неговата девојка непосредно пред објавувањето на нивната голема репортажа за трговија со луѓе. На оружјето со кое е извршено убиството се пронајдени отпечатоците на Лизбет Саландер. Имајќи ги предвид нејзиното минато и дебелото досие од психијатриска клиника полицијата објавува потера по неа. А од Саландер нема ни трага ни глас…Микаел Блумквист е запрепастен кога дознава дека Лизбет Саландер е осомничена за убиството на неговиот пријател. Свесен колку знае да биде жестока кога е во опасност, сака да ја најде пред да падне во туѓи раце. Во обид да ја состави сложувалката за убиството на своите пријатели, одговорниот уредник на Милениум се впушта во уште една опасна потрага. Низ соочувањето со бездушни криминалци, но и со оние што учествуваат во злосторствата од високи државни позиции, Микаел Блумквист доаѓа до нови, запрепастувачки сознанија, со што минатото на Лизбет добива сосема поинаква димензија. Мистеријата полека се расветлува…Стиг Ларсон успеал во речиси невозможното: да напише продолжение што ќе биде понапнато и покомплексно и од првиот дел и повторно на фасцинантен начин да ги открие скриените страни на општеството.
Девојката што си играше со оган – Стиг Ларсон
500 ден
Аврор : Стиг Ларсон
Издавач: Издавачки центар ТРИ
ISBN: 9786084577652
Година на издавање: 2010
Димензии: 140X205
SKU: 00699 Категорија Книги
Опис
Прегледи (0)
Бидете први кои ќе разгледате “Девојката што си играше со оган – Стиг Ларсон” Откажи одговор
This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.
Shipping & Delivery
Поврзани продукти
А потоа – Гијом Мисо
240 ден
Љубовологија – Бруно Шимлеша
400 ден
Злосторства – Фердинанд фон Ширах
360 ден
Автор: Фердинанд фон Ширах
Издавач: Просветно дело |
Јазик: Македонски |
Година: 2010
Оригинален наслов: Verbrechen |
Бр. на страни: 192 |
Димензии: 0x0 |
Корица: /
Менаџмент – Брајан Трејси
250 ден
Како да престанете да се грижите и да почнете да живеете – Дејл Карнеги
400 ден
Намести си го креветот- Вилијам Х. Мекрејвен
250 ден
Критики
Нема критики сеуште.