Калуѓерот кој го продаде своето ферари е приказна за Џулиен Ментлу, врвен адвокат, чиј неизбалансиран начин на живот ќе го доведе скоро до фатален инфаркт во преполната судница. На физичкото пропаѓање му следи духовна криза, која ќе го натера да размисли за својот живот и да побара одговор на најважните животни прашања. Со надеж дека ќе најде среќа и исполнување, заминува на едно необично патување. Запознавајќи една стара култура открива моќен начин како да го ослободи потенцијалот на својот ум, тело и душа и како да живее со повеќе страст, смисла и мир. Брилијантна мешавина на источната духовна мудрост и острите западни принципи за успех, оваа инспиративна приказна чекор по чекор ни го посочува патот до похрабар и поизбалансиран живот, живот исполнет со изобилство и радост. „Ништо помалку од сензационалност. Оваа книга ќе го благослови вашиот живот.“ Марк Виктор Хенсен, коавтор на книгата Мевлем за душата „Забавна, фасцинантна, имагинативна авантура полна со мудрост која може да го збогати и унапреди животот на секој поединец.“ Брајан Трејси, автор на книгата Најголемиот подвиг „Забавна книга која ќе го измени вашиот живот.“ Илејн Ст. Џејмс, автор на книгите Поедностави го својот живот и Внатрешна едноставност „Маѓична приказна, поучна и забавна истовремено“ Паоле Коелјо, автор на Алхемичарот
Опис
Рецензии (0)
Бидете први кои ќе оставите рецензија за “Калуѓерот што го продаде своето ферари – Робин Шарма” Откажи одговор
Користиме Akismet за да го намалиме спамирањето. Дознајте како вашите податоци од коментарите се обработуваат.
Shipping & Delivery
Поврзани производи
Лидер без титула – Робин Шарма
380 ден
Не е важно колку си добар, важно е колку добар сакаш да бидеш – Пол Арден
280 ден
Медитации – Лујза Хеј
350 ден
Моќта на Афирмациите – Лујза Хеј
280 ден
Моќта на потсвеста – Џозеф Марфи
380 ден
Најголемиот трговец на светот – Ог Мандино
200 ден
Спас – Исидора Бјелица
350 ден
Најбогатион човек на Вавилон – Џорџ С. Клејсон
280 ден
Рецензии
Сеуште нема рецензии.