Долината на Богатството била сопственост на тројцата браќа Шварц, Ханс и Глук. Двајцата браќа Шварц и Ханс се опишани како, цитирам: „многу грди луѓе, со надвиснати веѓи и мали, тапи очи секогаш полузатворени“, просто кажано грди на лик, ама и лоши по душа (не значи дека ако некој не е убав по правило треба да биде и лош, ама браќата од писателот навистина се опишани како лоши луѓе). Најмалиот Глук, дванаесетгодишно момче, бил нивна спротивност – мирно, тивко и послушно момченце кое ги трпи сите нечовечки и груби постапки од браќата и без никаков збор исполнува сè што ќе му наредат. Контрастите провејуваат низ страниците на книгата и пред нас се појавува светлото – кое носи среќа и насмевка (глук, што на германски значи среќа) наспроти темното (шварц, што на германски значи црн), доброто наспроти лошото, добродетелството наспроти алчноста, чесноста наспроти измамата и сè така слика, по слика се редат настаните коишто не нè оставаат рамнодушни. Ако се постави прашањето: што се случи со браќата, со Златната река, со Кралот?, одговорот е во оваа книга, мала по обем, но со голема порака за дарежливоста, ведрината, чистото срце и несебичноста, кои можат сè да победат.
Кралот на златната река – Џон Раскин
150 ден
Шифра: 10323
Издавач: Тримакс
Година на издавање: 2019
Автор: Џон Раскин
ИСБН: 608-204-284-0
SKU: 10323 Категорија 6 одделение
Опис
Прегледи (0)
Бидете први кои ќе разгледате “Кралот на златната река – Џон Раскин” Откажи одговор
This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.
Shipping & Delivery
Критики
Нема критики сеуште.