Сè што умот може да замисли и во што може да верува, телото може да го оствари.
Никогаш немојте да мислите „што ќе кажат другите“. Единствениот начин да избегнете критика е да не правите ништо, да не кажете ништо и да бидете ништо. А вие можете да остварите многу! Вие можете да ја создадете сопствената реалност. Едноставно – запишете ги своите цели, определете крајни рокови и ќе видите како чудесно се отвораат патиштата за нивно остварување.
На тоа патување кон остварување на целите ќе ве води оваа книга, која ќе ве поучи како да ја преземете одговорноста за својот живот и да станете личност каква што сакате да бидете. Во неа ништо не е поврзано со моќта на волјата –
сè се случува во едно мало купче неврални влакна што поминуваат низ вашето мозочно стебло – вашиот ретикуларен активирачки систем. Тој чудотворен РАС е копчето за вклучување на вашиот мозок и е главниот мозочен центар за мотивација. Како моќна алатка што може да ве одведе секаде каде што ќе посакате, тој е вашиот личен ГПС!
Критики
Нема критики сеуште.