По смртта на нејзиниот татко сер Хемфри, убавата и тврдоглава леди Клер е очајна во намерите да го заштити семејното наследство-островот Копнеж.
Островот на цвеќињата и билките на кој главен извор на богатството му е производството на парфеми. Леди Клер знае дека мора да се омажи за да го заштити островот. По нејзиното киднапирање од Николас од Сиберн во страв дека ќе биде принудена да се омажи со него, Леди Клер се согласува да се омажи со човек по избор на лордот Терстон. Па , сепак, кога старателот и одбрал сопруг – и тоа не поет каков што таа замислувала , туку силен, мускулест и е нескршлив витез кој само копнее за војување и докажување – таа се чувствува сосема измамена.
Сер Герет, вонбрачен син на Терстон од Лендри е еден од најсуровите витези во цела Англија. Пеколниот гонител од Викмир, под чиј меч паднале безброј разбојници, не знае дека најголемиот предизвик во неговиот живот ќе биде да скроти една самоуверена жена. Таа е одлучна во намерата да го вклопи Герет во нејзиниот идеал за витештво. Нивните спротивставени желби ќе ја разгорат страста која ги обзема двајцата , се додека подмолната завера не ги доведе во опасност нивните животи и нивната љубов…
Критики
Нема критики сеуште.