Заплашена од несекојдневните склоности и мрачни тајни на преубавиот, но растргнат млад деловен маж Кристијан Греј, Анастасија Стил ја прекинува нивната врска и почнува своја деловна кариера во една издавачка куќа од Сиетл. Сепак, желбата за Кристијан не ја напушта, напротив, таа ја опседнува секоја нејзина мисла. Кога Греј ќе и понуди нов договор, Ана не успева да му оддолее. Набргу ќе дознае за минатото на својот мрачен, опседнат љубовник и ќе ја сфати болката што се крие во душата на господинот Педесет нијанси.
Додека Греј се бори со своите демони, Ана мора да се соочи со бесот и со зависта на жените што во Кристијановиот живот биле пред неа.
А, тогаш мора и да ја донесе најважната одлука во својот живот.
Критики
Нема критики сеуште.