Роман за прељубата е несомнено најпотресниот и најискрен роман на Исидора Бјелица. Преку приказната за три сестри – двете се изневерени а едната е љубовница на оженет маж – Бјелица се фаќа во костец со една од најболните и најпремолчувани животни теми – прељубата. Низ вистински приказни телефонски пораки како и шокантни податоци за користењето на црната магија и езотеријата во борбата за освојување на мажите Исидора разоткрива еден необичен свет на прељубници и изневерени жени за кој главно се молчи…
Има ли љубов по прељубата? Како да се преживее по неа? Како да се победи во љубовта и како да не се полуди од страст – тоа се темите со кои Бјелица се занимава на досега невиден и брутално отворен начин.
Доколку некогаш сте биле изневерени или сте изневерувале, тогаш Роман за прељубатаќе ви помогне да сфатите како и дали воопшто можете да излезете како победник од тој вител. Ова е без сомнение најискрениот и најзрелиот роман на авторката на десетици бестселери која, за да напише вакво комплексно дело, и самата морала да помине низ пеколот на интимното предавство. Зашто вака потресно, болно и искрено пишува само оној кој страсно љубел и уште пострасно страдал.
Критики
Нема критики сеуште.