Книга полна со ТАЈНИ
во која се испреплетени
радоста и тагата, страста и љубовта…
Една старица умира и остава таен дневник на своето семејство. Во дневникот е раскажан сиот нејзин живот, исполнет со љубов, страст и тајни што несомнено ќе ги потресат нејзините наследници. Таа била свесна каков шок ќе им предизвика содржината на дневникот и затоа испланирала сè до најситните детали…
Растејќи како млада девојка на почетокот на дваесеттиот век, Хума лудо се вљубува во Несим и стапува во брак со него, а потоа заедно заминуваат во Америка. Таа е паметна и прогресивна девојка и негува голема страст кон својот сопруг. Но, тој во себе носи некои тајни, а Хума го претчувствува тоа и со нетрпение чека да ѝ бидат откриени.
Светот се наоѓа во турбулентен и напнат период и е на работ на Првата светска војна, а страсната и романтична љубовна приказна на Хума, сместена во една далечна ера, нѐ носи низ три континенти во три града: Истанбул, Лондон и Њујорк.
„Тајна“ е приказна за радоста и тагата и за победата на љубовта над ограничувањата и предрасудите. Роман во кој ќе посакате да бидете еден од главните ликови, а можеби и веќе сте?
Критики
Нема критики сеуште.