По една година помината во разгледување на класичните урнатини низ Италија, Ифигенија Брајт се враќа во Англија за да открие дека вистинската возбуда се наоѓа дома.
Нејзината тетка Зои станала жртва на злобен уценувач и само Ифигенија може да го запре злосторникот пред да наштети повеќе. Нејзиниот план е брилијантен :
по примерот на најлегендарните убавици од историјата
– Клеопатра, Тројанска Елена , Афродита – поранешна учителка ќе се преобрази себеси и ќе се појави во Лондонското друштво како прекрасна љубовница на Маркус Валериус Клауд, озлогласениот гроф од Мастерс. Гласините велат дека грофот исчезнал во рацете на уценувачот , а како негова непозната љубовница, Ифигенија се надева дека ќе го пронајде злосторникот.
Преку ноќ Ифигенија привлекува вијска страсни додворувачи, вклучувајќи и еден кој не го очекува – грофот од Мастерс лично , кој се појавува во блескавата балска сала за тивко да ја поврати својата “љубовница”. Тој е се што велат дека е….арогантен, привлечен, неверојатно заводлив, и Ифигенија Брајт не може а да не биде шармирана.
Но кога Маркус се согласува да ја игра нејзината игра, таа не знае дека решителниот гроф има поинакви сопствени планови : да си поигрува и да ја предизвикува, се додека убавата “љубовница “не стане повеќе од негова љубовница…
Критики
Нема критики сеуште.