Стилските пенкала можат да додадат елегантност и убавина на вашето пишување. Но, со толку многу различни модели, како да знаете кое пенкало ви е потребно вам? Во овој прирачник ќе ви објасниме се што треба да знаете за стилските пенкала.
Перо
Материјал на перо:
Нерѓосувачки челик: Силен, издржлив и ефтино заменлив. Ова е добар избор за првото стилско пенкало –одговара па дури и за деца.
Иридиум: Се користи за уште поголема јачина и е еден чекор над челикот.
Злато: Ова е прилично луксузен материјал. Златото постепено се обликува околу вашиот стил на пишување.
Дебелина на перо:
Тенко: Ова дебелина е популарна во уметноста, каде што е потребна поголема прецизност.
Средно: Мулти функционално и добро за повеќе намени.
Дебело: За големи букви и дебело пишување, но не е баш економично за мастило.
Држало
Материјал на држало: Пластика, метал, гума или стакло. Овој избор зависи од личниот вкус. Ја менува тежината што ја чувствувате во раката.
Форма на држало: Некои пенкала имаат резби, a некоi имаат дупки за правилно држење.
Полнење
Кертриџ: Брз, чист и ефекасен начин на менување мастило – но е поскапа опција поради пластичниот сад во кој се наоѓа.
Резервоар: Ова е старата опција на полнење на стилски пенкала. Многу е бавна, но е поефтина.