Астрономија

АСТРОНОМСКИ КАЛЕНДАР НА НЕБЕСНИ НАСТАНИ ОД МАЈ ДО АВГУСТ 2020 ГОДИНА

Со новите мерки за движење за заштита од Корона вирусот домашната атмосфера полека станува се повеќе монотона. Еден добар начин да додадете убавина во вашиот нов животен стил е со кревање на очите кон небесата.

Дури и наједноставните телескопи ви дозволуваат да ги набљудувате астрономските убавини кои се кријат во вселената. Затоа, изработивме астрономски календар за сé што се одвива околу нас од Мај до Август за 2020 година.

4, 5 Мај – Ета Акварид метеорски дожд

Ета Акварид е надпросечен метеорски дожд, способен да произведе до 60 метеори на час. Најголем дел од активностите се гледаат на Јужната хемисфера. Овој метеорски дожд се произведува од честичките од прашината што ја оставила кометата Хали, која е забележена уште од античко време. Дождот се појавува годишно, обично од 19 Април до 28 Мај. Врвовите на активност за оваа година се навечер на 4-ти и наутро на 5-ти Мај. Скоро полната месечина ќе биде голем проблем оваа година, блокирајќи ги сите освен најсветлите метеори. Но, ако сте трпеливи, сепак треба да бидете во можност да фатите неколку добри гледки.
Најдобрата гледка ќе биде од темна локација после полноќ. Метеорите ќе зрачат од соѕвездието Водолија, но можат да се појават каде било на небото.

7 Maj – Полна Месечина, Супермесечина

Месечината ќе биде лоцирана на спротивната страна на Земјата од Сонцето и нејзиното лице ќе биде целосно осветлено. Оваа фаза се јавува во 12:45 часот напладне. Оваа полна месечина била позната на раните Индијански племиња како “Полната месечина на цветот”, бидејќи ова било времето во годината кога пролетно цвеќе се појавувало во изобилство. Ова е исто така и последната од четирите супермесечини во 2020 година. Месечината ќе биде најблизу до Земјата и може да изгледа малку поголема и посветла од вообичаеното.

22 Mај – Нова Mесечина

Месечината ќе се наоѓа на истата страна на Земјата како и Сонцето и нема да биде видлива на ноќното небо. Оваа фаза се јавува во 19:39 часот, навечер.

23 Мај – Комета Атлас

Новооткриената комета Атлас ќе го направи својот најблизок пристап кон Земјата на оддалеченост од 116 милиони километри. Во месеците по овој близок пристап, се очекува кометата да стане посветла. Ова потенцијално би можело да ја направи кометата вториот најсветол предмет на ноќното небо покрај Месечината.

5 Јуни – Полна Месечина

Месечината ќе биде лоцирана на спротивната страна на Земјата од Сонцето и нејзиното лице ќе биде целосно осветлено.Оваа фаза се јавува во 21:12 часот, напладне. Оваа полна месечина била позната на раните Индијански племиња како “Розовата полна месечина”, бидејќи го означувала излегувањето на розовиот мов, кој бил еден од првите пролетни китки.

5 Јуни – Пенумбрално лунарно затемнување

Пенумбрално лунарно затемнување се случува кога Месечината поминува низ делумната сенка на Земјата, или пенумбрата. За време на овој вид затемнување, Месечината малку ќе затемни, но не целосно. Затемнувањето ќе биде видливо низ поголемиот дел од Европа, Африка, Азија, Австралија, Индискиот Океан и Австралија.

21 Јуни – Нова Месечина

Месечината ќе се наоѓа на истата страна на Земјата како и Сонцето и нема да биде видлива на ноќното небо. Оваа фаза се јавува во 00:42 часот, навечер.

5 Јули – Полна Месечина

Месечината ќе биде лоцирана на спротивната страна на Земјата од Сонцето и нејзиното лице ќе биде целосно осветлено. Оваа фаза се јавува во 06:12 часот, наутро. Оваа полна месечина била позната на раните Индијански племиња како “Месечината на еленот”, бидејќи го означувала почетокот на периодот кога машките елени ги растеле своите нови рогови.

14 Јули – Јупитер во опозиција

Џиновската планета ќе биде на најблизок пристап кон Земјата и лицето ќе и биде целосно осветлено од Сонцето. Ќе биде посветла од кое било друго време од годината и ќе биде видлива во текот на целата ноќ. Ова е најдоброто време за да ги видите и фотографирате Јупитер и нејзините месечини. Со телескоп од средна големина може да се видат некои детали на Јупитер. Добар двоглед треба да ви овозможи да ги видите четирите најголеми месечини на Јупитер, кои се појавуваат како светли точки од двете страни на планетата.

20 Јули – Нова Месечина

Месечината ќе се наоѓа на истата страна на Земјата како и Сонцето и нема да биде видлива на ноќното небо. Оваа фаза се јавува во 19:33 часот, навечер.

20 Јули – Сатурн на опозиција

Планетата со голем број прстени ќе биде на најблизок пристап кон Земјата и лицето ќе и биде осветлено од Сонцето. Ќе биде посветла од кое било друго време од годината и ќе биде видлива во текот на целата ноќ. Ова е најдоброто време за да ги видите и фотографирате Сатурн и нејзините месечини. Со телескоп од средна големина може да се видат некои детали на Сатурн и некој од нејзините месечини.

22 Јули – Меркур на најголемото западно издолжување

Планетата Меркур достигнува најголемо западно издолжување со 20,1 степени од Сонцето. Ова е најдобро време за да ја видите планетата Меркур бидејќи ќе биде на највисоката точка над хоризонтот на вечерното небо. Погледнете ја планетата на источното небо, веднаш по зајдисонце.

28, 29 Јули – Делта Акваридс метеорски дожд

Делта Акваридс е просечен метеорски дожд што може да произведе до 20 метеори на час. Се произведува од остатоци што ги оставаат кометите Марсден и Крахт. Метеорскиот дожд се појавува годишно од 12 Јули до 23 Август. Најголемата активност оваа година ќе биде во ноќта на 28-ми и утрото на 29-ти Јули. Втората четвртина месечина ќе ги блокира многу од послабите метеори оваа година. Но, ако сте трпеливи, сепак можете да ги видите некои од посветлите метеори. Најдобрите глетки можат да се видат од темна локација после полноќ.

3 Август – Полна Месечина

Месечината ќе биде лоцирана на спротивната страна на Земјата од Сонцето и нејзиното лице ќе биде целосно осветлено. Оваа фаза се јавува во 17:59 часот, наутро. Оваа полна месечина била позната на раните Индијански племиња како “Месечината на есетрата” поради големиот број на рибите есетра во локалните води.

11, 12 Aвгуст – Персеидс метеорски дожд

Персеидс метеорскиот дожд е еден од најдобрите метеорски дождови за набљудување, создавајќи до 60 метеори на час. Произведен е од кометата Свифт-Тутл, која била откриена во 1862 година. Персеидс дождот е познат по големиот број светли метеори. Дождот се појавува годишно од 17 Јули до 24 Август. Најголема активност оваа година може да биде забележена во ноќта на 11-ти и утрото на 12-ти Август. Втората четвртина месечина ќе ги блокира многу од послабите метеори оваа година, но Персеидс метеорите се толку светли и бројни што сепак треба да биде добро и видливо шоу. Најдобрите глетки можат да се видат од темна локација после полноќ.

13 Август – Венера на најголемото западно издолжување

Планетата Венера достигнува најголемо западно издолжување со 45,8 степени од Сонцето. Ова е најдобро време за да ја видите планетата Венера бидејќи ќе биде на највисоката точна над хоризонот на утрешното небо. Барајте ја најсветлата планета на западното небо пред зајдисонце.

19 Август – Нова Месечина

Месечината ќе се наоѓа на истата страна на Земјата како и Сонцето и нема да биде видлива на ноќното небо. Оваа фаза се јавува во 04:42 часот, наутро.