Канцеларија

КАКО ДА ГО ОДБЕРЕТЕ ИДЕАЛНИОТ КАНЦЕЛАРИСКИ СТОЛ

Designed by Freepik

Да го најдете перфектниот канцелариски стол, што спаѓа во границите на Вашиот буџет е директна инвестиција во здравјето и продуктивноста на Вашите вработени. Затоа тимот на Трејд изврши истражување за да Ви ги донесе најважните аспекти при избирање на канцелариски стол.

Еве ги најважните 8 чекори при избирање на идеалниот канцелариски стол:

Добрите канцелариски столици имаат полн грб (потпирач)

Канцелариските столици треба да бидат удобни, а за комплетна удобност и добра подршка на ‘рбетот, потребно е да имаат полн потпирач кој го опфаќа целиот грб. Потпирачот исто така треба да нуди целосна подршка за поместување на висината и аголот под кој се наоѓа.

Најдобрите столици имаат водопадседла

Ако го запазите ова правило, В0ашиот стол ќе биде десет пати поудобен. Под поимот ‘водопад седло’ се подразбира, да лицето на седлото (што доаѓа под подколениците) паќа надолу слично како водопад. Ако седлото пак не го запазува оваа правило, не би можеле да го користите столот повеќе од неколку минути без да осетите болка – затоа што рамниот агол би создал притисок на Вашите подколеници.

Вашите зглобови треба да бидат удобни на 90 степени

Најчестите знаци на неисправен канцелариски стол се јавуваат во форма на болка. Правилниот стол константно би ги држал Вашите зглобови и пелвисот на 90 степени. Ако Вашиот пелвис не е на 90 степени, тоа значи дека столот или е преголем или премал за корисникот. Истото се подразбира и за рацете и нозете. Идеалниот канцелариски стол би Ви ги држал сите зглобови на 90 степени.

Не заборавајте на перничето

Кога доаѓа канцеларискиот стол во прашање, еден од најважните елементи е перничето на седлото и потпирачот, бидејки поголемиот дел од работното време го поминувате на столот. Идеалното перниче би било удобно и меко уште на допир, затоа што ако перничето е тврдо на допир, не би можеле да поднесете 8 часа седење врз него.

Комплетно прилагодливо

Клучот на перфектното канцелариско столче е нивото на пролагодување. Ви препорачуваме да одберете стол кој може да биде пролагодуван во сите правци. Тоа значи дека столот треба да оди горе-долу, лево-десно, како и напред и назад (под агол). Ова е многу важно за одржувањето на здраво тело и ‘рбет.

Добриот стол би Ве подржувал секогаш

Сите сме луѓе, така да неможеме да седиме во перфетна позиција цел ден. Понекогаш посакуваме да се опуштиме и да се потпреме на својот канцелариски стол. Идеалниот канцелариски стол не само што би Ви дозволил удобно да се потпрете, туку исто така би Ви ги намалил болките во вратот (кои се несакан ефект на обичните столици). Ако се потпрете премногу на Вашата столица, тоа би придонело до болки во вратот, па затоа идеалната столица не би дозволила толку драстични агли на потпирање.

Комплетно совпаѓање за комплетни бенефити

Дури и ако столот има професионален потпирач, доколку столот е преголем за Вашиот вработен, тој/таа не би можеле да го искористат. За нозете да им паѓаат удобно на подот, вработените би морале да седат понапред на седлото. Ова не би им дозволило удобно да се потпрат и да ја префрлат тежината врз столот – што значи дека тежината е центрирана на пашката и дисковите на пелвисот, што може да донесе до сериозни повреди и одсуство од работа.