Годината што следува нуди многу небесни задоволства за љубителите на астрономските појави, вклучувајќи затемнување на месечината и комета со можен изненадувачки сјај.
Од големиот број на неверојатни астрономски феномени кои се очекуваат оваа година, овие осум настани се наш избори за небесни моменти кои вреди да ги погледнете.
31 Јануари – Полна месечина, Супермесечина, Сина месечина, Целосно помрачување на месечината
Ретка можност кога Месечината е Супермесечина, Сина месечина и Црвена месечина. Супермесечина е всушност полна месечина која во тој момент се наоѓа многу близу до Земјата, поблизу од вообичаено. Сината Месечина се случува кога во истиот месец има две полни месечини, а Црвената Месечина се случува за време на целосното нејзино затемнување и поминување низ темната сенка на Земјата.
9 Mај – Јупитер во “опозиција”
Видете го Јупитер додека е најблиску до Земјата. Додека Јупитер е во “опозиција”, планетата ќе биде посветла од кое било друго време од годината. Додека го набљудувате Јупитер, пoгледнете ги и неговите месечини во орбитата.
27 Jуни – Сатурн во “опозиција”
Погледнете го и Сатурн и неговите прстени додека е најблиску до Земјата. Додека Сатурн е во “опозиција”, истотака планетата ќе биде посветла од кое било друго време од годината. Додека го набљудувате Сатурн, истотака пoгледнете ги и неговите месечини во орбитата.
27 Јули – Целосно помрачување на месечината
Второто затемнување за јули и второто затемнување на Месечината во 2018 година! Целосното помрачување на Месечината ќе биде видливо низ цела Европа, Азија, Австралија, Африка, Атлантскиот Океан, Индискиот Океан и Антарктикот. Целосно помрачување на Месечината се случува кога Месечината минува низ сенката на Земјата и создава “Крвава” Месечина.
28,29 Јули – Delta Aquarids метеорски дожд
Иако метеорскиот дожд трае од 12-ти јули до 23-ти август, најдоброто време за гледање е 28 и 29 јули по полноќ. Овој метеорски туш произведува до 20 метеори на час и е остаток од кометите Marsden и Kracht.
12, 13 Август – Perseids метеорски дожд
Метеорскиот дожд трае од 17-ти јули до 24-ти август, најдоброто време за гледање е 28 и 29 јули по полноќ. Овој метеорски туш произведува до 60 метеори на час и е остаток од кометата Swift-Tuttle.
17 Август – Венера во најголема источна елонгација
Најдобро време за да ја видите планетата Венера е во најголема источна елонгација. Венера ќе биде на 45,9 ° од Сонцето и ќе изгледа најсветла на запад по зајдисонцето.
Погледнете го и целиот календар за сите настани оваа година и избрете еден од Celestron телескопите, достапни во Трејд.