Ако сте сопственик на бизнис, веројатно ќе влезете во новата година со многу цели во умот. Но, без конкретен план за нивно извршување, постои ризик дека многу од вашите планови нема да се реализираат. Како можете да ги средите вашите приоритети и да направите работа за планирање цели за вас и вашата компанија?
Обидете се со следниве чекори да ги средите приоритети и да ги остварите вашите цели оваа година.
Анализирајте ги целите од минатата година
Прегледајте го бизнис планот од минатата година за да видите кои цели сте ги постигнале, а кои не. Кои беа причините за неисполнување на целите и дали оваа година треба да ги реализирате или да се фокусирате на нови?
Сосема е во ред да се откажете од одредени планови кои неуспеале, подобро да се откажете отколку да губите време на нешто што нема да се исплати.
Започнете “Brainstorming”
Запишете нови идеи и стратегии на хартија, заедно со листа на посакуваните резултати. Прегледајте ги сите опции и видете кои имаат најголемо потенцијално влијание.
Организирајте состанок со вашите вработени кои имаат контакт со клиентите и побарајте од секој од нив да дојдат на состанокот со една или две идеи. На тој начин нема да почнете од нула.
Изберете неколку цели и креирајте план за нивно спроведување
Идентификувајте кои цели се вашиот главен приоритет и направете план за нивно остварување.
Планирање цели е најефикасно кога ќе напишете конкретни чекори, па ќе создадете листа со задачи за извршување на секоја поширока цел. На пример, користење на планер, може да ви помогне да ги следите чекорите и временската линија за нивно исполнување.
Споделете ги вашите цели
Откако ќе ги поставите, бидете сигурни дека сите вработени ќе ги разберат вашите цели. Наведете конкретни начини на кои вработените можат да учествуваат и да помогнат во нивно постигнување.
Секоја новата година е време да започнеме со нов план. Одвојте време да ги разгледате вашите приоритети, да формирате практичен план и да создадете систем кој ви помага да бидете посветени на поставените цели.