Уметност

ОСНОВЕН ПРИБОР ШТО МУ Е ПОТРЕБЕН НА СЕКОЈ УМЕТНИК

Ако ја читате оваа објава, најверојатно имате желба да почнете со уметноста, да го пренесете вашето гледиште кон светот, на лист. Или пак, можеби сте креативци кои што едноставно бараат нов медиум на уметност и незнаете со каков прибор да ја започнете вашата нова, експериентална авантура. Овде ќе се потрудиме да ви ги објасниме основните алатки што ви се потребни за почнување со креативната работа.

 

Тетратка за Скечирање

Да почнеме со основниот елемент, тетратка за скечирање. Ова е најдобриот пријател на секој уметник. Во оваа тетратка може да ги излевате вашите идеи, да го рафинирате

стилот и да го припремите било кој замислен цртеж – пред да преминете на финалниот дизајн.

 

Моливо

Ова прекрасна алатка е основата на било кој стил на цртање, особено графика. Со моливото можете да скечирате брзи цртежи, да додавате сенки и градиенти и да поставите основа за понатамошно цртење.

Моливото е добро поради тоа што е многу лесно да се контролира (со менување на притисокот врз листот) и да се поправа секоја линија.

Има повеќе видови молива, но најважни се H (нежно), HB (средно) и B (темно) варијантите. За почеток ви препорачуваме еден 4H, еден HB и еден 2B молив.

 

Гума за Бришење

На оваа основна алатка мислиме дека не треба посебна најава. Сите сме користиле гума повеќе пати во нашиот школски живот и веруваме дека сеуште неможеме да си објасниме зошто толку лесно ги губиме. За да ги скратите вашите фрустрации, земете барем три. Секако дека ќе ви се најдат :).

 

Мастилно Пенкало

Не мислиме на обичните пенкала што можете да ги земете од било која трафика (ballpoint pen). Иако и тие можат да ви завршат работа, за прецизно цртање препорачуваме пенкало со тенка игла (fine point pen). Овие пенкала ги користат сите познати илустратори, па дури и уметниците на стрипови. Можат да се искористат за рафинирање на скечеви, и додавање подебела надворешна линија (outline) на цртежите за да добиете нов тридимензионален ефект.