Канцеларија

СО ОРГАНИЗИРАН РАБОТЕН ПРОСТОР ДО ЗГОЛЕМЕНА ПРОДУКТИВНОСТ

Дали знаете дека добро дизајниран простор може да ја зголеми вашата продуктивност до 20%? Поради тоа, ви претставуваме три едноставни работи што можете да ги направите за да вашата канцеларија ви донесе поголема продуктивност. 

Вашиот стол

Удобниот стол е веројатно најважното нешто кое ќе ви помогне да го подобрите работниот простор. Ви треба ергономски стол позициониран на начин што е прилагоден спрема вашето тело и кој ќе ве ослободи од вкочанување или болки во грбот.

Кога гледате столови, размислете на колку различни начини можете да ги прилагодите. Дали столот нуди ергономски дизајн, контрола на навалување и напнатост, прилагодлива висина, лумбална поддршка, потпирач за глава? 

Сите овие карактеристики ќе влијаат колку ви е удобно во текот на денот. Истовремено, можете да ги имате сите овие карактеристики во комбинација со модерен дизајн, без оглед на тоа каков тип на стол ви е потребен. 

Доколку ви требаат идеи за почеток, еве наши препораки: 

Вашето биро

Постојат неколку работи што треба да ги имате во предвид кога размислувате за вашето биро. Првата работа е вашиот монитор, тастатура и глувче.

Вашиот монитор треба да биде поставен така што горниот дел е малку под нивото или на нивото на очите. На тој начин, додека работите, погледот ви е под мал агол надолу. 

Исто така, треба да размислите за што друго ви треба простор на работна површина – дали користите големи димензии на хартија, книги, или материјали за уметност? Дали ви требаат пенкала, белешки?

Ова ќе ви помогне да го одредите потребниот простор за работната површина и дали ќе имате потреба од фиоки и останати додатоци.

Различни столови за различни бироа

Ако имате поголем простор, еден од најдобрите избори што можете да го направите е да имате дополнително работно место во вашата канцеларија. Удобно столче за лежење, мала маса за состаноци, дури и основно столче за гости ќе ви понудат алтернативи што ќе ви овозможат да продолжите да работите, дури и кога едноставно не се чувствувате удобно. 

Дополнителното работно место ќе ви овозможи да заземете поголем простор, да ја смените позицијата и да се оддалечете од вашиот монитор. 

Сепак, зборуваме за вашиот работен простор и единствено е важно она што вие го сакате и она што функционира за вас. Бидете креативни и направете вашата канцеларија да работи во ваш прилог.